СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ЗА УТРЕ НАЈАВИ ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

0
321

По средбите во Белград со специјалниот преставник за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и со заменик-помошникот државен секретар и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, српскиот претседател Александар Вучиќ најави за утре обараќање до јавноста, а вечерва во интервју за Еуроњуз ги најави смерниците на Србија за средбата во Охрид во сабота, јави дописникот на МИА од Белград.

Лајчак по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ напиша на Твитер профил дека се завршени подготовките за средбата во Охрид, и како што наведе во твитот, на средбата ги слушнал коментарите на Вучиќ кон Анексот за имплементација и напредок за европскиот договор.
Лајчак во интервју за РТС изјави дека на Косово мора да се формира Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и нагласи дека „ако ја нема Заедницата, нема ни договор“.

-Формирањето на Заедницата на српските општини „мора да се случи“ и беа предложени 15 постоечки европски модели, но како инспирација, а не како алтернативи, подвлече тој.Лајчак рече и дека европскиот предлог за Косово е прифатен во целина, но потребен е договор за целосна имплементација. Ако Приштина би речкла дека не ја сака ЗСО, а Србија да не сака прием на Косово во ОН, тогаш „немаше да имаме договор“.