СРЕДБА НИКОЛОСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ, ТЕМА ИНДИЦИИ ЗА СТОРЕН КРИМИНАЛ И НЕОДГОВОРНО ТРОШЕЊЕ ПАРИ НА ЈП ДРЖАВНИ ПАТИШТА И ЈП ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

0
172

Заменик на претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

На средбата присуствуваа и дел од тимот на директорот на Бирото за јавна безбедност кои работат на предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На средбата се разговараше за информациите објавени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија, а во однос на направената ревизија за реализација на капиталните инвестиции во ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура, како можни индиции за неодговорно трошење на буџетски средства.

“На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП за државни патишта и во ЈП за железничка инфраструктура. Овие индиции произлегоа од извештајот за реализација на капиталните инвестиции на Државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите”, истакна министерот Николоски по средбата.