СРЕДБА НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ СО ГЕРМАНСКИОТ ПРАТЕНИК ВО БУНДЕСТАГОТ ФЕЛИКС ШРЕЈНЕР ОД ЦДУ

0
516

Денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aleksandar Nikoloski остваривме средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Felix Schreiner од ЦДУ која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на ЕПП. Исто така Феликс Шрајнер е претседател на Комитетот за економија и одржлив развој на германскиот Бундестаг.

На средбата стана збор за економската и енергетска криза во Македонија. Посочив дека власта преку окупираните институции го предаде стопанството, бизнисот и на директен начин граѓаните во Македонија.

Исто така во текот на средбата укажав Македонија со оваа власт се движи во лоша насока.

Македонија во вистинска насока ќе започне да се движи само со предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.