СРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК, АНГЕЛОВ, СО АМБАСАДОРКАТА НА ГРЦИЈА ФИЛИПИДУ

0
376

Денеска (16.02.2023) директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, оствари средба со Амбасадорката на Грција Софија Филипиду (Sophia Philippidou).

На средбата во ЦУК, директорот Ангелов ја запозна амбасадорката со надлежностите и предизвиците на Цeнтарот. Се разговараше за можностите за соработка и заемна помош, како непосредни соседи при итни и кризни состојби.

Дел од темите на средбата на директорот на ЦУК, Ангелов со амбасадорката на Грција, Филипиду, беше и размената на искуства во развојот на Системот за итни повици Е-112 во двете земји и потенцијална поддршка од нивна страна во развојните компоненти на Системот. На средбата учествуваа и соработници од двете страни, од ЦУК и од Амбасадата.
Инаку, по заедничката средба беа посетени и работните простории на Е-112 во ЦУК.