СРЕДБА МУЦУНСКИ – ТИГАЊ

0
58

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата заеднички беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји кои во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат со посебен фокус на економската соработка.

Тема на разговорите беше интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки.

МНР Муцунски изрази благодарност за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за наше членство во Европската унија. Воедно, беше нагласена потребата заеднички и интензивно да се работи во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес.