СРАМНО : УЧЕНИЦИ МАЛТРЕТИРААТ ПРОФЕСОРКА И ЈА СНИМААТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО СРБИЈА

0
524

Во Техничкото училиште во Трстеник , Србија имало инцидент во кој учествувале тројца ученици и еден наставник. На социјалните мрежи е објавено видео од непримерниот настан, во коемногумина го осудуваат однесувањето на ученикот.

Учениците ја снимиле професорката додека ја малтретирале. На видеото се гледа како ученик се расправа со наставничката додека друг приоѓа одзади и ѝ го одзема столчето. Професорката падна на подот, а сите ученици се смеат. Сето тоа го снимиле и потоа го објавиле на интернет со очигледна цел да се исмеваат, но наместо пофалби од врсниците, добиле осуда и покренале дисциплинска постапка против нив на училиште.

„Тоа се случи во паралелка каде што немаме безбедносни камери. Ги презедовме сите законски мерки. Писмено ги известивме родителите и сите институции што треба, управата на училиштето и поведов воспитно – дисциплинска постапка и кога сите факти се утврдени, учениците ќе бидат казнети со дисциплинска мерка“, изјави Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште.