СПАСОВСКИ: ТРИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ НА МВР ПРЕЦИЗНО ИСФРЛИЈА 333 ТОНИ ВОДА И ПОМОГНАА ВО ГАСЕЊЕ НА НАД 12 ПОЖАРИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА

0
423


Од крајот на месец август до денеска, Одделот за воздухопловни единици при МВР уште еднаш на дело го демонстрираше концептот Опремена полиција-безбедени граѓани. Упатувам честитки на колегите кои се секогаш тука и подготвени за гаснење пожари.
Благодарение на успехот на припадниците на Хеликоптерската единица за полициски намени и на Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единци (ОВЕ), кои дејствуваа во гасење пожари низ државата – во реонот на Осинчани, општина Студеничани, селото Долгаец, општина Долнени, селото Бељаковце Општина Куманово, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце во Општина Старо Нагоричане, село Кошино, општина Долнени, село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, селото Пиперево, штипско, селата Бучинци и Ајватовци, на територија на општина Илинден, истите беа ставени под контрола.

За време на налетите за гаснење на пожарите користени се хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412, Bell212) и прецизно исфрлени околу 333 тони вода врз најкритичните точки, како и со помош на локалните пожарникари, со што пожарите се изгаснати.

Откако стапив на чело на МВР, со Хеликоптерската единица бележиме континуиран напредок во повеќе сегменти, сообразувајќи ги потребните стандарди – технички, образовни, професионални – со полициските стандарди на истородните единици од земјите на ЕУ.
Така, пристапивме кон она што е неопходно, како за инфраструктурните потреби на Единицата, не само од аспект на материјално-техничките потреби како што се реновираниот објект на Единицата, рампа за десантирање на тимови од воздух, ведро и резервоари за гаснење пожари, така и персоналното опремување на вработените со летечки униформи и специјална летечка опрема, и униформи за персоналот за техничко одржување.

Со цел подобра заштита на граѓаните и имотот ја опремивме Единицата со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Притоа, беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ кои ги гледаме на дело. Воедно, овозможивме успешно користење на опремата, со меѓународна обука за носење подвесен товар и за гаснење на пожари, која успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.

Во 2017 година имаше само еден хеликоптер во функција, а од 2021 почнавме со гаснење на пожари со три хеликоптери. За мене тоа е чин на вистински патриотизам, дотолку повеќе што за скоро време ќе се реализира и проектот за хеликоптер за медицински транспорт за лица.
Мирно небо колеги од ОВЕ! 🇲🇰