СО БОКСОВИ И СО КЛОЦИ, КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАА ВРАБОТЕН ВО ТЕХНОМАРКЕТ ВО СКОПЈЕ

0
669

Со газење и боксови насилници претепаа вработен во „Техномаркет“ во еден од продавниците во Скопје.

На видеото кое е од надзорните камери, а кое го објави порталот „Курир“ се гледа како двајца напаѓачи, на кои засега не им се споменува идентитетот, прво го напаѓаат едниот вработен, кој со клоци и со боксови го удираат неколку минути, а кога се обидува колега да му помогне, удираат и по другиот.

Овој инцидент, како што објавува Фокус се случил во септември, а двајцата напаѓачи се фатени и против нив е поднесена пријава.

Од МВР, како што пренесува порталот, апелираат да не се шират лажни вести.

-Расчистен е нападот во Техномаркет, насилниците се приведени пред месец ипол.  Апелираме да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните, велат од МВР, во изјава за Фокус.