СООПШТЕНИЕ НА ЈУ МЦСР ПРИЛЕП И МТСП СКОПЈЕ : ПОРАДИ НЕ ВНЕСУВАЊЕ ПОДАТОК ЗА РЕДОВНОСТ НА ЧАСОВИ ЗА УЧЕНИКОТ МАРИЈА ГЛИГОРОВА ОД УЧИЛИШТЕТО НА МАЈКАТА БИЛЈАНА ГЛИГОРОВА НЕ И СЕ ИСПЛАТЕНИ ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК И ЗА ИСТОТО НЕМА ИСПЛАТА ВЕЌЕ ЕДНА ГОДИНА

0
2082

Почитувани,

Ве информираме дека по однос на објавата на мајката Билјана Глигорова дека од страна на Министерството за труд и социјална политика Скопје и е доставено решение за образовен додаток за ученикот Марија Глигорова и за истото нема исплата веќе една година.

Извршен е увид во предметот и констатирано е од страна на стручните служби при ЈУ МЦСР Прилеп и МТСП Скопје дека за ученикот Марија Глигорова од страна на училиштето каде истата посетува настава не е внесен податок за редовност на часовите.

Согласно законската регулатива исплата од страна на МТСП за образовен додаток  се врши за оние ученици кои посетувале 85% од вкупниот број на часови.

Со почит