СОВЕТНИКОТ ОД ГРОМ ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗДЕЛИ ОД ВМРО ВО ГРАД СКОПЈЕ

0
605

Советникот од ГРОМ, Александар Трајановски, истакна дека се повлекува од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и дека во иднина ќе дејствува како независен во Градот Скопје.

Според него, оставките на директорите и раководителите на градските претпријатија не можат да му наштетат на работењето на Градот, бидејќи, како што вели тој, ќе бидат назначени нови и тековната работа ќе продолжи.

Во врска со тоа дали СДСМ треба да побара предвремени избори за градоначалник на Скопје, советникот децидно вели „ако СДСМ тргнат по логиката на Мицкоски ќе завршат во опозиција“.