Славчо Попоски со детална анализа на времето: Влажен бран ќе ја зафати Македонија викендов

0
1271

Утре (18.02.2017) времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди кои ќе бидат долги во јужните и во југоисточните предели. Ќе биде релативно топло со натпросечни температури а во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во текот на попладневните и вечерните часови под влијание на влажен воздушен бран од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните, северозападните и во северните предели. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта кон недела повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места а на местата повисоки од 500 метри не се исклучува можноста за повремени врнежи од дожд и снег или краткотрајно влажен снег и тоа во северозападните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура на воздухот утре (сабота) ќе се искачи во интервалот од 8 до 14 степени.

Во недела (19.02.2017) повремени послаби врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ државава а локално истите ќе бидат со умерен интензитет. На планините ќе има повремени врнежи од снег а услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места и тоа во северозападните и северните предели. Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено на некои места и тоа особено во југоисточните предели ќе се засилува а на планините истиот ќе биде со умерен до засилен интензитет кој ќе достигнува брзина до околу 50 км/час.

Минималната температура на воздухот во недела наутро ќе се спушти во интервалот од -2 до 5 степени додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 7 до 13 степени додека во северните и во северозападните предели истите ќе бидат нешто пониски, исто така во текот на ноќта недела кон понеделник повторно во северозападните и во северните предели ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд и снег или влажен снег. Во недела доцна попладне и навечер ќе започне да дува слаб до умерен а на планините повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика во понеделник утрото да биде постудено кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -4 до 4 степени додека во текот на денот повторно ќе биде релативно топло кога максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 5 до 13 степени.

Уште поголемо затоплување на времето со невообичаено високи температури на воздухот ќе има од среда (22.02.2017).

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ