СЕ ПОЈАВИ УШТЕ ЕДНО ВИДЕО ОД БАЊСКА – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРПСКАТА ЛИСТА БИЛ ВОДАЧ НА НАПАЃАЧИТЕ ВО БАЊСКА?

0
562

Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи, напиша косовскиот министер за внатрешни работи Џељал Свеќла.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља на Фејсбук објави видео од надзорна камера, на која се гледаат група напаѓачи во дом пред ѕидините на манастирот во Бањска, меѓу кои, тврди Свеќља, е и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, јавува Н1.

Свеќла под видеото напиша:„Радоичиќ беше водач на оваа терористичка група и нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност (…) Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и на групата терористи“.

Според косовскиот министер зад нападот стои владата на Александар Вучиќ.„Значи Српската листа своето учество во Косово го гледа само на терористички начин. Не успеаја – додаде Свеќља“.Свеќла на пресконференцијата во понеделникот рече дека во едно од запленетите возила, мерцедес со белградски таблички, биле пронајдени и документите на Милан Радоичиќ.