СЕДУМ ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА МУ ПРОДАВАЛЕ ИНФОРМАЦИИ НА МОСАД

0
229

Турската полиција во организирана акција утрово уапсила седум лица под сомнение дека ѝ продавале информации на израелската разузнавачка служба Мосад, јавува Асошиејтед прес (АП) повикувајќи се на турската државна новинска агенција Анадолу.

Осомничените, кои информациите до Мосад наводно ги пренесувале преку приватни детективи, биле приведени во заедничка операција на полицијата со Националната разузнавачка организација на Турција, позната како МИТ.Постапувајќи по налози издадени од канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул, полициски екипи од одделите за антитероризам и за контраразузнавање извршиле претреси во Истанбул и во западниот приморски град Измир, јавува турската новинска агенција.Според информациите на агенцијата, во акцијата наводно биле опфатени уште две лица.

По денешните апсења, Анадолу, како што пренесува „Гардијан“, цитирала делови од документ на обвинителството во кои било наведено дека операцијата била насочена против лица од „Палестина и нивните семејства… во рамките на тековниот израелско-палестински конфликт“.Минатиот месец турската полиција приведен 34 лица осомничени за шпионажа во корист на Израел.Тие беа обвинети дека наводно планирале да спроведат активности кои вклучуваат „набљудување, гонење, напад и киднапирање“ на странски државјани кои живеат во Турција.

Министерот за правда на Турција, Јилмаз Тунч, тогаш изјави дека повеќето од осомничените се обвинети за политичка и воена шпионажа во корист на израелските разузнавачки служби.Според информациите на медиумите, израелската разузнавачка служба Мосад регрутирала Палестинци и сириски државјани во Турција како дел од операција насочена против странци кои живеат во Турција.