СЕГА Е СЕ ГОТОВО, ЗАЕВ Е ВО НЕВОЉА : ЈАНКО БАЧЕВ ИМ ПРЕДЛОЖИ КОАЛИЦИЈА НА МИЦКОВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ НИЕДЕН КЛЕТ ШИПТАР СО 61 ПРАТЕНИКА ЧИСТО КРВНИ МАЌЕДОНЦИ И ПУТИНИСТИ!

0
1366

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за настапот на партијата на изборите на 12 април. На седницата беа донесени следните одлуки:

  1. Единствена Македонија го повикува ВМРО-ДПМНЕ на заеднички коалициски настап на изборите на 12 април под следните услови: Поништување на договорот со Грција за промена на името; Поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; Поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; Поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, Доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.

Единствена Македонија го следи решителното барање на народот за сплотеност и единство и силно верува дека овие определби се достижни и остварливи и дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право. Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. На потег е ВМРО-ДПМНЕ.  Татковината повикува!

  1. Оставаме ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе за предлогот во наредните 48 часа а во спротивнои Централниот комитет го овластува Извршниот комитет да донесе конечна одлука за настапот на партијата на изборите на 12 април: самостоен настап или формирање на патриотски блок на здруженија и партии.
  2. Централниот комитет изрази задоволство, прво, Платформата на Единствена Македонија „Битка за Македонија„ отпечатена во 100.000 примероци веќе е поделена во преку 70.000 примероци, второ, при крај сме со целосното спроведување на одлуката за генерален реизбор во 42 општински комитети на партијата, трето, досега се отворени 22 општински штабови и до почетокот на изборната кампања тој број ќе се зголеми на триесет канцеларии низ Македонија, четврто, бројните анкети по социјалните мрежи потврдуваат дека Единстевна Македонија е најсилната партија со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и последната надеж за Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.