СДСМ : ЈА ПОЗДРАВУВАМЕ УСПЕШНАТА АКЦИЈА НА МВР, ФАТЕН Е ИЗВРШИТЕЛОТ, РАСВЕТЛЕН Е ГРОЗОМОРНИОТ СЛУЧАЈ СО УБИСТВАТА

0
268

СДСМ ја поздравува успешната акција на Министерството за внатрешни работи, со која е фатен извршителот и целосно е расветлен грозоморниот случај со убиствата што го потресе целото општество.

Министерството за внатрешни работа со професионалност и посветеност на високо ниво, го расветли случајот поднесе кривични пријави за сторителите на монструозното злосторство.

Очекуваме во најкус можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое ја потресе целата јавноста.