СДСМ: Создаваме Влада ослободена од национализам

0
1038

Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид национализам, соопштија од СДСМ.

Од партијата повторуваат дека продолжуваат со разговори за создавање стабилно парламентарно мнозинство со полн четиригодишен мандат.

– СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. На 15 јули граѓаните покажаа дека национализмот е поразен. Во тек е процес на создавање нова Влада ослободенa од каков било вид на национализам, Влада која уште повеќе ќе работи на унапредување на концептот едно општество за сите. Новата Влада предводена од СДСМ ќе движи силно напред по патот на интеграција во ЕУ со целосно почитување на Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија и Рамковниот договор. Граѓаните преку својата избирачка волја тоа го побараа и тоа ќе го испорачаме во следниот четиригодишен мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме за граѓаните и државата, велат од СДСМ.