РУСКОВСКА ГО ПОТОПИ СО ТОРПЕДО ВМРО ДПМНЕ: Отворена предистражна постапка за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

0
1350
Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ21 потврди дека отворила предистражна постапка за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„По допрен глас отворивме предистражна постапка по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега ќе испитуваме за да видиме дали има дело. Ако има и докази, треба да се соберат“, вели обвинителката Рускоска за ТВ21.

Обвинителката не сакаше да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.