ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОСОВО, ВЈОСА ОСМАНИ : НАПАДОТ ВРЗ СРПСКИТЕ ДЕЦА Е НЕПРИФАТЛИВ, ОДГОВОРНИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ИЗВЕДЕНИ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА

0
433

Претходно и косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двете момчиња во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња во Штрпце, нагласувајќи дека нивното ранување е неприфатливо и дека сторителот на нападот мора да биде изведен пред лицето на правдата, јавуваат Репортери.

„Ранувањето млади момчиња на возраст од 11 и 21 година во Штрпце е неприфатливо дело, затоа сторителот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, изјави Османи, пренесува Косово онлајн.

Претседателката побара од безбедносните служби итно да се позанимаваат со случајот.

„Институциите на Косово се целосно посветени на обезбедување безбедна и мирна средина за граѓаните, без разлика на етничката припадност. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а ги повикувам безбедносните служби итно и согласно законот да го решат случајот“, рече Османи.

Претходно и косовскиот премиер, Албин Курти, го осуди ранувањето на двете момчиња во близина на Штрпце, велејќи дека осомничениот за нападот, кој беше приведен од косовската полиција, ќе се соочи со судските органи.

Курти им посака брзо закрепнување на двајцата повредени, нагласувајќи дека истрагата ќе продолжи до целосно расчистување на случајот.