ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ЌЕ ГИ ИЗРАДУВА ПЕНЗИОНЕРИТЕ : УТРЕ НА ВЛАДА ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ПРОЕКТОТ ОКОЛУ ЛИНЕАРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИЈАТА

0
155
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.

Со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи на 28.6.2024 година (петок).

Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани.