ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ПРИСУСТВУВАШЕ НА БОЖИЌНАТА УТРИНСКА ЛИТУРГИЈА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

0
328

Премиерот Ковачевски присуствуваше на Божикната утринска литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, присуствуваше на Архиерејската божествена литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божик, а со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Божик ја испраќа пораката за сплотеност и заедништво на коишто е потребно да е посветен секој човек, во секој ден од индивидуалниот и општествениот живот. Само споделената радост е радост и само заедничката среќа е среќа и затоа со одлучни чекори да продолжиме по патот до заедничкото добро.

Христос се роди! Спокојни празнични денови!