ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН САЕМ „ВИНСКА ВИЗИЈА НА ОТВОРЕН БАЛКАН“ ВО БЕЛГРАД

0
273

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска 16 ноември 2023 година, учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Во рамки на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, учествуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. На официјалното отворање на Саемот, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски.

Во рамки на посетата на Белград, на 17 ноември премиерот Ковачевски ќе оствари средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија.
Дополнително, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.

На годинешниот саем се очекува присуство од над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.На вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ излагаат над 70 винарии и дестилерии од Северна Македонија.