ПО ИНЦИДЕНТОТ СО НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ, СЕ ОГЛАСИ И ДИРЕКТОРКАТА СОФИЈАНОВА : ЈАС РАБОТАМ 24/7, ДЕТСКАТА КЛИНИКА МИ Е КАКО МОЈ ДОМ БИДЕЈЌИ ЈАС НЕ СЕДАМ НА ЕДНО МЕСТО ТУКУ ПОСТОЈАНО СУМ ВО ДВИЖЕЊЕ НИЗ БОЛНИЦАТА

0
610

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш“, тврди Софијанова.

Таа тврди дека работи за клиниката и кога не е физички присутна на работното место, а дека реакцијата следувала како резултат на шокот што го доживеала.

„Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти“, додава Софијанова.

Според тоа што се слуша на видеото од новинарот Салиу, Софијанова наводно добивала над 3.000 евра месечно од клиниката а огромен дел од тоа се надомест за дежурства на кои според соговорникот, таа не била на работа.