ПОЛИЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СЕНТ ПАУЛИ ЗАСТРЕЛА И РАНИ МАЖ СО СЕКИРА И БОМБА ВО РАКАТА

0
86

Германската полиција во неделата застрела и рани маж кој со секира и рачна бомба претел на полицијата и присутните во северниот дел од градот Хамбург, неколку часа пред почетокот на европското првенство.

На застреланиот маж му било пружено медицинска помош, соопшти полицијата во Хамбург во објавата на социјалната мрежа X, без да даде дополнителни детали околу овој инцидент.

Имено инцидентот се случил точно во центарот на градот Сент Паули, за кој германските медиуми велат дека бил преполн со илјадници навивачи пред неделниот натпревар помеѓу селекциите на Холандија и Полска.