ПОЖАРНИКАРИ ВЕЧЕРВА ЌЕ ДЕЖУРААТ КАЈ СЕЛО СУШЕВО СТРУМИЧКО, ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ НА МВР ЈА ОТСТРАНИЈА ОПАСНОСТА

0
59

Денеска (30.06.2024), хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево, атар на Општина Василево.

Хеликоптерот исфрли над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот беше вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрли 30 тони вода, по што опасноста по селото беше отстранета.

Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење.

„Утре (01.07.2024 година), во раните утрински часови од околу 05.00 до 06.00 часот ТППЕ Струмица со четири ПП возила и околу 15 пожарникари, а и со едно возило и пет пожарникари од ТППЕ Радовиш, е планирано да се упатат на местото на пожарот над с.Сушево.

Истовремено, доколку е потребно, утре е можно ангажирање на соодветна воздухопловна поддршка од МВР според ресурсите со коишто се располага и утрешната конкретна ситуација на терен, а на барање на општината до Центарот за управување со кризи, што потоа се координира, исто така, од ЦУК со институциите од Системот за управување со кризи“, информираат од ЦУК.