Писмо од разочаран член на ВМРО-ДПМНЕ : Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоки Јованчев и неговиот кумашин Гоце Ангеловски си ја присвоија партијата, за да се вработиш во Кавадарци мора да си или роднина или многу близок до Јованчев и Ангеловски!

0
1104

Писмо од разочаран член на ВМРО-ДПМНЕ

Од назначувањето за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, Зоки Јованчев заедно со неговиот кумашин а воедно и секретар Гоце Ангеловски, се интересираат единствено за нивниот личен интерес.

Кумот и кумашинот целосно ја присвоија партијата, како да си ја донеле од дома и да е само нивна.

Мора да си или роднина или многу близок со Зоки Јованчев или со Гоце Ангеловски за да добијеш работно место. Сите работни места и функции во локалната самоуправа си ги делат на лица блиски на нив. Па и сопругата на Гоце е директорка во школото Гоце Делчев во Кавадарци.

Членовите кои со години наназад гинеа за ВМРО се тотално тргнати настрана. Ние само за гласање и за митинзи сме на овие двајца, кои денес го водат ВМРО во Кавадарци.

Кумот и кумашинот не трпат овакви критики и заради тоа се пресметуваат со сите оние кои мислат различно од нив двајцата во партијата.

Па така сега во последно време и се намерачени на поранешната претседателка на унијата на жени. Кумот и кумашинот договорија да ја избркаат сестра и од работа, која предаваше во школото со кое раководи сопругата на кумашинчето Гоце Ангеловски, само за да пикнат на работа личност која е блиска со нив двајца.

Жената беше борец за ВМРО години уназад. Беше феноменален претседател на жени, а и сега е советник, а овие двајцата се пресметуваат со нејзе и ја плукаат на фејзбук страни кои ги води кумашинчето.

Се надевам дека после 15 јули, претседателот Мицкоски овие двајца први ќе ги излета од партијата, за да ставиме луѓе кои ќе се грижат за целото членство, а не само за нивните семејства.

Фејсбук статус на Портал Тиквеш.