ПЕТРОВ : МАЛКУ СРАМ МЕ ИЗЕДЕ ОД ОДНЕСУВАЊЕТО НА СДСМ НА ДЕНЕШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

0
288
„Моето видување е дека за жал и малку срам ме изеде од однесувањето на СДСМ на денешната седница, бидејќи никој не стана и не кажа збор“. Ова вечерва на тв Сител го изјави Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ.Петров додаде дека на денешната седница во Собранието никој од пратениците на СДСМ не смогнал сила да зеде збор на седницата.

„И токму тоа кај мене погодува едно чувство на срам. Едно е да бидете конструктивни, треба опозицијата да биде конструктивна, но работата на пратеник во Парламентот е да зборува на говорница. Што му е работата? Ако некој нема намера да зборува на говорница, место да поднесува оставки од партиски органи, нека си поднесе оставка од пратеничкиот мандат“ рече тој.Посочи дека требаше денеска барем еден или двајца пратеници од СДСМ да излезат на говорница и да ги кажат нивните забелешки.