ПЕТМИНА СЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ОНКОЛОГИЈА“, ТРОЈЦА ДОКТОРИ ОНКОЛОЗИ ПОМАГАЛЕ ВО ИЗМАМАТА

0
260
Од денеска, по 5 месеци предистрагат, случајот „Онкологија“ преминува во истражна постапка.

Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска денеска рекоа дека вкупно пет лица се осомничени во случајот.Станува збор за екс медицинскиот и поранешниот организациски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и тројца лекари – онколози.

Официјално, имиња не беа споменати, но според периодот кога бил медицински директор и кога се сторени делата, првоосомничен е медицинскиот екс директор на Онкологија, Нино Васев.Тој, според информациите на Обвинителството, се товари за седум кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело измама во службата.

Организацискиот директор, исто така, е осомничен за измама во службата.

И тројцата лекари се осомничени за истото дело дело, но за помагање.Од ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд е доставен предлог на екс медицинскиот и екс органозацискиот директор да им бидат определени мерки на претпазливост, со кои се бара да им бидат одземени пасошите и да им се забрани напуштање на живеалиштето, а екс медицинскиот директор оддалечување од работното место.

За тројцата доктори онколози Обвинителството не побарало никакви мерки за обезбедување на присуство бидејќи тие се осомничени за помагање.Делата за кои се осомничени двајцата екс директори ги сториле во периодот од 2017 до 2022 година.

Обвинителката Гоговска-Јакимовска рече дека осомничените директори набавувале лекови на реверс, без согласност на Фондот за здравствено осигурување и без спроведена постапка за јавна набавка. На тој начин се создавал вишок лекови за кои не се водела евиденција.Дополнително, на пациенти им била пропишувана вишок терапија, а како што беше кажано на брифингот, скапа терапија од најновата генерација им била пропишувана на пациенти еден ден пред да починат.Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од близу 30 милиони евра.