ОТЕЦ ПИМЕН : АМАНТЕ ЛУЃЕ, БИДЕТЕ ЛУЃЕ, ЛОШО Е ДА СИ ДЕТЕ, МАЈКА ИЛИ СОПРУГА НА ПОЛИЦАЕЦ, ГИ МИСЛИШ ДАЛИ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ДОМА ЖИВИ

0
823
Гледајќи како синоќа ескалира состојбата на протестите, се потрудив да го најдам еден мој одамнешен пост со кој сум им го честитал денот на полицајците.

На оние полицајци кои професионално си ја вршеа работата и на протести и на контрапротести, кои стоеја достоинствено исправени и пред Шарените и пред Тврдокорните и на Битпазар, кои стојат и денес пред оние кои протестираат.

Го читнав и се нажалив дека ете ништо не се сменило и денес.
Тие си ја вршат работата, а нивните домашни се плашат за нивните животи.
Еве го постот за да се уверите во неговата актуелност и денес, но и да размислите да не ја барате кривицата во погрешни луѓе.

Аманте луѓе, бидете луѓе.

,,Убаво е да протестираш!

Поубаво е да не те натепаат на протест…

Најубаво е да си политичар и од страна да си гледаш…

Лошо е да си ПОЛИЦАЕЦ бидејќи си меѓу два огна.

Полошо е да си МАЈКА на полицаец и да стравуваш дали жив и здрав ќе се врати дома.
Најлошо е да си ДЕТЕ на полицаец и да знаеш дека таткоти е жртва на политичарите, од една страна а од друга на хулиганите!!!
А сепак тој е херој!”
Фејсбук статус на Отец Пимен.