ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ ДОНИРА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО СПРАВУВАЊЕ СО ЗАРАЗЕНИТЕ ОД КОВИД-19 ВИРУСОТ

0
1022

Поради вонредната состојба што ја зафати нашата земја како резултат на ширењето на коронавирусот, на предлог на градоначалникот на Студеничани Г-Дин Азем Садику, советот на Општина Студеничани на вонредна седница одржана на 19/03/2020 донесе решение да го донира амбулантното возило со најсовремена технологија на Министерството за здравство на РСМ.

Возилото за брзата помош е опремено со најсовремена опрема и технологија потребна за давање итна медицинска помош особено за актуелната алармантна ситуација за корона вирусот, амбулантното возилото ќе биде доставено до Центарот за јавно здравје – Скопје.

Со овој чин, градоначалникот на Студеничани г-н Азем Садику се надева дека работата на медицинскиот персонал во оваа тешка состојба ќе биде малку олеснета, но во исто време ќе овозможи побрзи медицински услуги особено за оние пациенти кои имаат највеќе потреба во овие тешки моменти.