ОО СДСМ БИТОЛА – ТАЛЕВСКИ : ОД НАС ТРИБИНА, ОД КОЊАНОВСКИ СЕ ШТО ОСТАНА ЗА БИТОЛА ДА ИМА СТАДИОН КАКОВ ШТО ЗАСЛУЖУВА

0
562

Прес конференција на Филип Талевски, секретар на СДММ Битола.

Не за кој е речено, туку за кој е печено.

Така некако испаѓа работата и со северната трибина на Стадионот Петар Милошевски во Битола. Ја вети ДПМНЕ. Поранешниот градоначалник Владимир Талески – Двојче фрли неколку лопати и ја остави како обврска да ја изгради и ја изгради неговата наследничка, Наташа Петровска. Во употреба ќе ја пушти актуелниот градоначалник Тони Коњановски кој ни крив ни должен утре ќе се слика и ќе позира со објектот кој го изгради локалната самоуправа предводена од СДСМ.

Работите на трибината се завршени уште во октомври 2021 година, но на Коњановски и на ДПМНЕ им требаше една година да ги постават столчињата за кои наследија обезбедени финансиски средства.

Не е ништо ново ДПМНЕ да се кити со туѓи перја, но пред да го “киднапираат” утрешното отворање на трибината и да го претворат во партиска забава, ги потсетуваме дека стадионот е на Битола, оти битолчани сакаа стадион.

Северната трибина на Стадионот Петар Милошевски е изградена исклучиво со средства од буџетот на Општина Битола, со пари на битолчани. Во ниту еден град низ Македонија тоа досега не се случило и затоа нашето задоволството е уште поголемо.

СДСМ ја изгради трибината, а на Коњановски и на ДПМНЕ остануваат обврските за целосно заокружување на изгледот на Стадионот:

– Што побрзо да светнат рефлекторите за кои поранешната градоначалничка, Наташа Петровска има потпишано договор со ФФМ.

– Во буџетот за 2023 година Коњановски да обезбеди 130 милиони денари за реконструкција на јужната трибина и изградба на атлетска тартан патека.

– Да се подготви тендерската документација и да се обезбедат средства да се изгради западната трибина.

Само тогаш Коњановски и оваа локална власт ќе покажат дека имаат интерес за спортската инфраструктура во Битола!