ОЛИВЕР АНДОНОВ НА СРЕДБИ ВО БРИСЕЛ : ФРАКЦИЈАТА КОЈА БАРА СМЕНА НА МИЦКОСКИ ДОБИ ПОДДРШКА ОД ЕПП

0
791

Престојот во Брисел (Европскиот парламент) од 6ти до 8ми Декекври, ме увери дека Македонија има силна поддршка и искрени пријатели во Европската Унија.Проблемот се нашите политикантски “лидери” на политичките партии и нивните клиентелистички раководства.

Тие ги задушуваат политичките партии, но уште пострашно ја задушуваат нашата Македонија со нивната корумпираност, непотизам и изразена неспособност.Разговорите кои ги имав со нашите пријатели во Европската Унија, европските пратеници од повеќе земји и со Заменик генералниот секретар на НАТО господинот Мирчеа Геоана, ми ја потврдија оваа констатација.

На нашите пријатели им ги претставив целите на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, ја изложив и внатрепартиската состојба и потребата за статутарни промени во ВМРО-ДПМНЕ со цел нејзина демократизацика, а посебно разговаравме за состојбата во која се наоѓа Македонија и изразената корупција и потполна дезинтеграција и уривање на судската власт и потполната неспособност на власта на СДС.

Потврдувајќи ја цврстата определба на фракцијата за реорганизирање и демократизирање на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и особено потребата современо и демократско ВМРО-ДПМНЕ, укажав дека со сигурност така демократизирано ВМРО-ДПМНЕ е единствено способно да рачисти со криминалот и корупцијата и брзо да ја воведе Македонија во полноправно членство во ЕУ.