ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП : ПАЧЕШКОСКИ ПОДЗАБОРАВИЛ КАКО БЕА ПРЕГАЗЕНИ СО 7 500 ГЛАСА РАЗЛИКА, СМЕШНА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЕБЕПРОМОЦИЈА ЗА ИДЕН ПРАТЕНИК

0
454

Почитувани,

Денес, ОО СДС Прилеп, се јави со уште една смешна и неиздржана прес конференција од низата пресови „Колку да се каже нешто“ кои не поминуваат повеќе кај народот.

Очигледна е нервозата во редот на СДС, затоа што завршува времето кога поединци кои никаде не ги собра, можеа да пребираат и да се преместуваат од едно на друго работно место и функција. Следува време на промени и одговорност за секој кој се огрешил пред законот!

Како да подзаборавиле дека беа прегазени со преку 7500 гласа разлика, пораз кој ќе ги боли уште долго време, до наредниот нивни неизбежен пораз на следните парламентарни избори.

И додека се занимаваат со некакви фингирани проблеми во ВМРО-ДПМНЕ, нека се позанимаваат со нивната партија за која јавна тајна е дека е поделена на неколку табори, кои лека полека преминуваат во една новоформирана партија.

Доколку ваквите смешни прес конференции се обид на Пачешкоски, да се промовира како иден и можен пратеник, го повикуваме истиот во иднина да се посвети посериозно и да размисли во која изборна единица планира да го стори тоа?

Како за крај, наместо СДС да измислува непостоечки проблеми колку да ја замајува јавноста, нека си ги среди проблемите во сопствениот ред за кој најдобро сведочи мизерниот рејтинг од последните анкети. ВМРО-ДПМНЕ е обединето како никогаш претходно, нешто кое најдобро ќе се види на следните парламентарни избори на кои СДСМ ќе се соочи со уште еден