ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ 140 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЛЕКОТ ,,ТРИКАФТА“ ЗА ОСУМ ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

0
491

За осум пациенти со цистична фиброза се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“, објави на фејсбук министерот за здравство Беким Сали.

„За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден, објави Сали на Фејсбук.