Нов четиригодишен мандат за директорот на полицијата Сашо Тасевски

0
1060

На денешната седница на Владата, директорот на полицијата Сашо Тасевски доби нов четиригодишен мандат, дознаваме од наши извори.

Директорот на Бирото за јавна безбедност е избран едногласно, на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во претходниот период , директорот Тасевски покажа одлични резултати и со раководењето со Бирото за јавна безбедност придонесе за намалување на криминалот и зголемување на довербата во полицијата, а неговата работа е одлично оценета и од нашите стратешки партнери.