НИКОЛОСКИ ЗА СП : ДУИ НЕ ГО САКАМЕ ЗА КОАЛИЦИЈА А ЛЕВИЦА ЌЕ ГО НЕМА ПОСАКУВАНИОТ РЕЗУЛТАТ ОД ИЗБОРИТЕ

0
317

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Комeнтирајќи го коалицискиот капацитет на партијата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека изборниот резултат ќе биде таков што ќе има многу желби за коалиција со нив.

Во интервју за „Слободен печат“ тој ги коментира можните коалициски партнери со кои партијата доколку победи на изборите би можела да формира Влада.

Во однос на коалицискиот капацитет, мислам дека изборниот резултат ќе биде таков да ќе има многу желби за коалиција со нас. ДУИ е најмалку посакуван партнер, особено ова раководство на ДУИ не доаѓа предвид затоа што се крајно корумпирани и криминализирани, така што доколку сме во позиција да бираме, а мислам дека ќе сме, тогаш би соработувале со она што сега се нарекува албанска опозиција, вели Николоски.Запрашан за коалицирање со СДСМ вели:

-Во однос на тоа прашање македонскиот народ ако го прашате не е многу против. Често луѓето нас ни велат зошто не седнете и се обедините, за одредени прашања можеби треба да седнеме и да разговараме, не ни е нас тоа некоја туѓа идеја, вели Николоски за „Слободен печат“.

Целото видео интервју на Слободен Печат