НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА ФАМОЗНОТО USB, ТВРДИ ДЕКА ГРУЕВСКИ ИМ ДОСТАВИЛ ТАКВО НА АХМЕТИ, ЏАФЕРИ И НА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ

0
776

Александар Николоски – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „360 степени“ сподели материјали за кои тврди дека се дел од тајната комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски, лидерот на ДУИ – Али Ахмети, претседателот на Собранието – Талат Џафери, и уште едно лице.Николоски на интервјуто покажа уесбе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски.

Николоски сподели три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето, а коа, според него, се докази дека веќе подолго време Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние спомнавме дека имаме докази за таа работа. Јас, еве – ќе ги извадам вечерва во интервјуто. Ова е тоа фамозно уесбе-стикче на коешто ги има измените. А, измените ќе Ви ги оставам. Ако ги прочитате измените на Кривичниот законик, коишто се доставувани минатата година…На прашање дали „Ова за што зборувате е содржина од уесбето?“, Николоски вели „Да. Значи, овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса“.

На прашање „Од кого?“, потпретседателот на опозициската партија вели „Од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.