НИЗ ПРОДАВНИЦИ ВО СКОПСКИ ЧАИР КУПЕТЕ СИ НМК НАЛЕПНИЦИ ЗА 50 ДЕНАРИ

0
307

Неколку продавници кои продаваат авто делови во скопската населба Чаир веќе продаваат и налепници со кодот НМК. Според информаци на Прес 24, налепницата можете да ја купите за сума од 50 денари, за која ќе добиете две лепенки за предната и задната регистарска табличка.

Доколку не Ви се плаќа, тогаш можете да земете налепница и во центрите за технички преглед на автомобили, а за разлика од вчера, денеска можете да покажете сообраќајна дозвола и од друго возило и за него исто така ќе добиете налепници кои можете и сами да ги залепите.

Од утрово, на некои гранични премини, а на сите кон Грција не можете да влезете ако на табличката немате код НМК.

Фотографија : Скопје1.МК