Незадоволни верници ги запоседнаа просториите на ИВЗ

0
1064

IVZ sediste

Педесетина верници од муслиманска вероисповед предводени од скопскиот муфтија Ибрахим Шабани утрово, како што тврдат од ИВЗ, се обиделе насила да влезат во седиштето на Исламската верска заедница, но биле спречени во намерата, пренесува 24 Вести.

Во моментот голем број верници кои го поддржуваат скопскиот муфтија се во дворот на ИВЗ, а меѓу нив и околу седиштето присутни се полициски сили.
Во тек се разговори меѓу скопскиот муфтија и раководството на ИВЗ за разрешување на конфликтот, кој беше испровоциран поради тоа што минатата недела муфтијата Шабани побара јавно извинување од реисот Сулејман Реџепи за навредите кои ги упатил на верскиот собир што се одржа пред две недели во МОН.