НА СТОЈАНОВ ОД ФОНДАЦИЈА МАКЕДОНИЈА МУ БИЛ ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА УШТЕ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ!

0
1334

Организирани од Фондацијата, Бугарите одржаа панихида за револуционерката Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје и потоа се упатија кон нејзината спомен плоча на Кејот на Вардар. -Стотици Бугари ја поминаа границата и заминаа во Скопје да го почитуваат споменот на нашата хероина Мара Бунева. Јас останав на граница и нема начин да поминам – појаснува Стојанов во видеото. Тој покажува и документ, со кој му е забранет влез во Македонија.

-Јас останувам тука, на границата, откако ги испратив сите. Ете ми го и документот, со кој ме вразумуваат дека не можам да поминам во територијата на Северна Македонија. Тоа не е изненадување, дури и не ми дошло до тоа, и да не присуствувам, најважно е што успеав да организирам, да обединам Бугари со различни сфаќања за политиката да присуствуваат во центарот на Скопје на бугарски собир – вели Стојанов.За тоа дека има забрана за влез во Македонија, тој информирал уште минатиот месец на својот социјален профил.

-Комити Скопје сакале да ме избркаат и затоа РСМ ми даде забрана за влез. Официјалните власти во Скопје да бидат мирни, нема физичка опасност за мене во Северна Македонија – објавил тој кон средината на минатиот месец. Инаку, Стојанов организира транспорт до Скопје на 4-ти февруари, на одбележување на 151 години од раѓањето на Гоце Делчев. Во повеќе наврати на страницата на фондацијата апелира да се пријават што е можно повеќе Бугари, за кои бил обезбеден автомобилски превоз.