МОЛЕБЕН НА ГРОБОТ НА СВ.КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „САН КЛЕМЕНТЕ” ВО РИМ

0
397

-Како што нема од Бога избрани три јазици за проповед, така нема ни само неколку народи за елитата на православието да ја чинат, рече г.Пимен и додаде дека светоста на црквата православна ја дополнува обединетоста во различностите и ние Македонците не отстапуваме во борбата нашата Македонската православна црква да има место во единството.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи државно-црковната делегација по молебенот положи венец на гробот на Св. Кирил. На молебенот присуствуваа и пратениците Соња Мираковска од СДСМ, Дафина Стојаноска од ВМРО – ДПМНЕ, Арбер Адеми од ДУИ, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик, Елена Јовановска Грујовска и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

Во попладневните часови претседателот на Собранието Талат Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.