МНР: ПО РЕАКЦИЈА НА ЗНМ ГИ ПРЕКИНУВАМЕ БАНЕРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ОБСЕ

0
395

Претседавањето со ОБСЕ претставува најголемиот надворешно – политички проект со кој Република Северна Македонија ќе се претстави во меѓународната јавност, но и проект кој има значење и влијание и за севкупниот внатрешно – политички развој на земјата. Како што веќе информиравме, ангажирање на агенција за време на претседателството со ОБСЕ претставува редовна работа за секој Претседавач со организацијата, и активностите кои се предвидени не се за пи-ар, туку за организиран пристап кон предизвиците за стратешко комуницирање на земјата како земја – претседавач со најголемата регионална безбедносна организација.

Покрај Стратешкото комуницирање, ангажирањето на Агенцијата во најголем дел се однесува за поддршка на Министерскиот совет, комплексен проект кој предвидува организирано присуство и активности на над 70 делегации од целиот свет, кои се очекува да бидат предводени на највисоко дипломатско ниво, на ниво на Министри за надворешни работи. Во рамките на првите денови од преземање на претседателството, беа привремено постави веб банери, кои се од информативно-едукативен карактер и преку истите на ниеден начин не се промовира ниту министерството ниту неговата работа.

 Овој потег не е во спротивност на активните законски практики и членот 102 од Законот за АВМУ за пласирање средства кај радиодифузерите. Без разлика на законските можности, по сугестијата која денес дојде од ЗНМ, Министерството за надворешни работи ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери. Во интерес на транспарентното работење, евентуалните идни активности од комуникациски аспект ќе бидат правени во координација со новинарските здруженија и другите претставници на граѓанскиот сектор.