МИЦКОСКИ : ЌЕ СЛЕДИ СЕРИОЗНО РЕКОНСТРУИРАЊЕ НА ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ, СО СПОЈУВАЊЕ И РАЗДВОЈУВАЊЕ НА РЕСОРИ, БЕЗ МИНИСТРИ БЕЗ РЕСОР СО ЦЕЛ ИДНАТА ВЛАДА ДА БИДЕ ОПЕРАТИВНА

0
321
Сериозно реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресори, за да идниот владиниот кабинет биде оперативен и сериозно да одговори на потребите на новото време, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на тридневната обука за пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Зајакнување на капацитетите на пратениците, Успешни стратегии и предизвици, организирана од Партискиот истражувачко- аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер.

Мицкоски се заблагодари на соработката со КАС како фондација на сестринската партија ЦДУ од Германија, истакнувајќи дека таа соработка ќе продолжи и по двојната изборна победа, а пратениците коишто ќе бидат мнозинство ќе работат да не биде “како до сега”, туку многу поинаку и подобро од тоа што е сега, ужасно и со многу порази, што не треба да е природна средина во иднина во Македонија.

Во својата порака до учесниците на обуката, официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун порача дека добро е запознат со состојбите во Македонија, секојдневните скандали и корупција, а состојбата со пасошите, како што рече, од германски аспект, во изборна година, е катастрофа за власта, па очекува “добра жетва” на гласови на изборите. Затоа е важно во кампањата со уверливи аргументи пред граѓаните да се претстават програмата и идеите.

Пратеничката во Европскиот парламент од германската ЦДУ Марион Валсман, порача дека добра подготовка на изборна кампања е клучна да се добие доверба, да не се посочува само со прст. Да се водиме од максимата “Прави добро и зборувај за тоа”, им порача Валсман на пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на одличната континуирана соработка, КАС и ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ организираат настан наменет за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, со цел напредна обука за подобрување на вештините за комуникација со јавноста, отвореност и транспарентност.


Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се градење визија и лидерство и транзиција кон новата пратеничка група по изборите, собраниски процедури и избори, улогата на пратениците во комуникацијата и соработката во рамки на изборните единици, креирање и споделување клучни комуникациски пораки, успешен пристап за јавен настап во интервју и јавна дебата, како и развој на стратегии и пристап кон дигитални медиуми.