МИЦКОСКИ : ЌЕ МОРАМ ДА ЈА КАЖАМ ТАА СРАМНА ПРИДАВКА

0
279

„На граѓаните им е потребен фокус, им треба повисок стандард, повисоки плати. Помирен живот, желба да живеат тука во Македонија. Нападите што ги слушам овие два дена се сведуваат на две тези. Преспанскиот договор и Францускиот предлог. СДСМ, не ја научивте лекцијата од граѓаните.

Со овие лаги и конструкции нема да ја повратите довербата, ќе треба време да ја вратите. Ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Поразот ви се случи затоа што народот сака да гледа нови луѓе. Мојата рака ви беше подадена, за се што е национален интерес“ рече мандатарот Христијан Мицкоски пред да се гласа за новата Влада.

Тој напомена „ваков бугарски диктат додека сум јас премиер нема да помине и уставни измени нема да има. Пред да влегувате во авантури требаше да седнеме да разговараме. Луѓето што ме знаат, тие знаат дека мојот збор планина тежи. Ќе правам се додека сум жив неправдата да ја исправам, во овој момент сум немоќен. Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка. Ќе видите што значи работа. Мојата борба ќе е секој ден, да не ги разочарам граѓаните. Она што го ветувам е дека нема да се откажам.

Нашите граѓани заслужуваат подобро. Време е татковината да создава за нашите граѓани. Заедно можеме да изградиме светла иднина. За неколку часа почнуваат првите 100 дена од новата влада. Ветуваме дека ќе ги подигнеме стандардите. Во првите 100 дена ќе ги намалиме даноците, ќе ги зголемиме пензиите. Фронт против корупцијата, почеток на капитални инфраструктурни проекти“.