Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите 100 дена. Очекувајте многу убави и позитивни работи, нешто коешто граѓаните го очекуваат од нас.
Тоа ќе биде мој личен фокус, и моја заложба и моја инспирација како прв човек во владата да работам од тоа што може да го слушнам од нашите идни потенцијални коалицони партнери, гледам дека и таму инспирацијата и храброста не недостасува.
Сакам да функционираме како едно и целосно да се посветиме на граѓаните, ние сме слуги на граѓаните.
Секој оној кој мисли дека е над таа состојба ќе го изгуби тлото под нозе. Верувајте дека лично ќе се занимавам со тоа без разлика дали доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ или коалиционите партнери.
Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вилата на Водно.