МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР : ПОТЕНЦИРАНА СИЛНАТА ЕВРОПСКА ЗАЛОЖБА НА ВМРО-ДПМНЕ КАКО ИДНА ВЛАДА, ГРАЃАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКА ИДНИНА

0
61

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.На средбата беше потенцирана силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, што е еден од трите главни постулати на делување, покрај борбата со криминалот и корупцијата и забрзаниот економски развој.

Претседателот Мицкоски кажа дека државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето.Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат.Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо.