МИЦКОСКИ : ДА ГИ ВРАТИМЕ СИТЕ ИСЕЛЕНИ ЗАРАДИ ЛОШИТЕ ПОЛИТИКИ НА ПЕНДАРОВСКИ, А НА НЕГО ДА МУ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ИСЕЛИ, ЗОШТО ЗАРАДИ НЕГО И ТИЕ КАКО НЕГО СИТЕ ДРУГИ СЕ ИСЕЛИЈА

0
267
-Добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и она изјава која што ја кажа пред некое време дека доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, вели  Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето кој е неговиот коментар за кандидатурата на Стево Пендаровски.

Мицкоски порача колку помалку Стевовци има во Македонија толку подобро и за граѓаните и за државата, односно како што рече тој граѓаните на претседателските избори да му помогнат да се исели од државата.

– Да му помогнат граѓаните да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија, тоа е подобро и за Македонија, а ние да најдеме начин сите пак оние кои што се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои што требаат дома, а ваквите пендаровци да им покажаме како граѓани што мислиме, порача Мицкоски.