МИЦКОСКИ : ГРУЕВСКИ НЕКА Е ЖИВ И ЗДРАВ, ЌЕ ДОЈДЕ ДЕН И ВО ОЧИ ЌЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ДОКАЗИТЕ!

0
427

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното гостување на Алсат М рече дека не стравува за неговата политичка кариера после отворениот конфликт со неговиот претходник Никола Груевски.

-Мојата политичка кариера е тотално небитна кога се има предвид иднината на Македонија и таа никогаш не била пред интересите на Македонија. Никогаш кариерата не ми била пред моите принципи. Мене политиката ми е алатка за да направам нешто добро за општеството. Јаа во политиката влеегов како професор со кредибилитет и тука не станува збор за никакво чувство на страв. Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Можам само да кажам дека такви политичари секогаш имало, има и сега и ќе има и во иднина – рече Мицкоски.

Во врска со неговите наводи дека Груевски е во тајна комуникација со Владата за да се подели ВМРО-ДПМНЕ и да се протуркаат уставните измени, тој нагласи дека тоа што имал да го каже за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски го кажал јасно и гласно. На прашањето на што се должат тие наводи и дали има докази за нив, Мицкоски со одговор:

„Сигурно тој потег не го направив затоа што така ми текнало, сигруно се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат до мене и до ВМРО-ДПМНЕ. Не би навлегувал во дебата дали е тоа еден доказ, сто докази или илјада докази. Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и да биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора да ги пишува тие статуси, пред се се со многу граматички грешки, кои се полни со омраза и гнев? Мојата порака до него е нека е жив и здрав, се друго ќе си дојде, и втората моја порака е не им правете на луѓето тоа што не скаате луѓето вас да ви прават“.

Тој додаде дека ќе дојде денот кога со Груевски очи во очи ќе се гледаат и ќе зборуваат и за „доказите и за се што се случувало во изминатите пет години“.

„Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата  кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа – нагласи Мицкоски.