МИЦКОВСКИ: СО АЛИЈАНСА ДЕЛИМЕ ИСТИ ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ – ЗНАЧИ И АЛИЈАНСА Е ПРОТИВ РАМКОВНИОТ И ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР?!?!

0
783

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Македонската телевизија вели дека со Алијанска на Албанците и останатите политички партии кои се дефинираат како опозициски додавајќи дека таа соработка се базира на темелни вредности.

И со Алијанса за Албанците и останатите партии кои себе си се дефинираат како опозициски партии ценам дека треба да имаме принципиелна соработка како до сега што имавме, базирана на темелни вредности за кои што ќе се залагаме, и тука ние нема никаков проблем, тоа е дел од таа втора епоха, рече Мицкоски.

Да потсетиме кои се тие темелни вредности во кои верува ВМРО ДПМНЕ:

– тие се против законот за двојазичност кој беше реализација на рамковниот договор со кој се оконча војната во 2001-ва

– тие се против преспанскиот договор со кој земјата влезе во НАТО

– тие се против договор со Бугарија со кој треба да почнеме преговори со ЕУ

– тие се против СЈО кој беше дел од договорот од Пржино чиј покровител беа САД и ЕУ