МИРКА ЈА ПРЕЗЕМА ИДЕЈАТА НА ФРЧКО ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ, ЗАГОВАРА ПРАВЕЊЕ ПАРАЛЕЛНА ДРЖАВА АМА ОВОЈ ПАТ НА ВМРОВЦИТЕ?!?!

0
1884
Пред неколку години во кулминацијата на режимот на ВМРО ДПМНЕ, Фрчко излезе со една многу контроверзна теза, дека тогашната опозиција предводена СДСМ заедно со НВО секторот и отпорашката јавност требало да направат паралелна држава со граѓанска непослушност со што ќе се дадело најголем отпор на режимот, целосен и комплетен игнор со цел да не се дава легитимитет на режимското владеење но и со цел спас од режимското лудило.
Само два месеца по падот на режимот, Мирка не издржа ниту пола мандат на новата власт туку само по речиси два месеца во кои владата владее целосно транспарентно и демократски, таа сепак повикува ВМРО ДПМНЕ да правеле паралелна држава како по рецептот на Фрчко?!?!
Значи какви се ова плачипички невидени, ние издржавме цели 11 години, јадевме ќотек, не апсеа, не казнуваа, не бркаа од работа, и пак издржавме, овие гигантски плачипички по само 2 месеца блокираат булевари, плачат за изгубени избори кои уште не се случиле, заговараат паралелни држави?!?!
Еве што пишува класната во Дудинка:
На ДПМНЕ началството му има веќе приложено и конструктивен пораз со тек – тук победа во Чашка, Сопиште, некое свирипичино и евентуално една скопска периферна општина… На фашизмот му треба освојување на теренот. Инаку се е џабе како во Авганистан.
 
Што е чарето? Чарето е силна демонстрација на македонската колективна волја. Во вакви услови на окупација нужност е создавање паралелна жива и функционално организирана Македонска држава со сите нишани. Стопостотен излез и гласање за себе, за листи на кандидати кои се веродостојни кои во своите средини важат за авторитети, за луѓе со достоинство и интегритет. За луѓе кои не се дрчни за пари, не се кариеристи, не се превртачи, карактерно лабилни, плашливи и без идеали. Личности кои не ги сметаат ЕУ и НАТО за свети крави, такви кои ќе нудат излезни решенија од гомнаријава во која не внесоа сите досегашни политичари. Меѓу таквите ќе ги препознаеме потенцијалните водачи. Од таквите фашистите најмногу се плашат.
 
Со таквите се организира и брани теренот. Не заборавајте, како секој штакор, и ЦИА се плаши од одлучна и мотивирана локална маса. Стравот и својата ранливост ја манифестира така што станува агресивна и крволочна. Преку сеење страв и со силна пропаганда сака да не обесхрабри и пасивизира. Не верувајте во она што ви го прикажува Холивуд. Верувајте во себе. Оваа борба е над сите борби. Си ја браниме секоја педа од нашата земја. Секоја куќа и улица. Оваа борба е тешка, но е вистинско излезно решение.
 
Ни го покажа тоа народот на Венецуела и Боливија и Исланд и Сирија, а сега и Филипини. И во САД оваа борба е почната. На сите страни самосвесните народи се подготвуваат за генерално чистење. Парадирањето на до заби вооружени американски војници низ Европа и на Балканот не значи ама баш ништо. Така се курчат само слабаци. Така се курчеше и Хитлер. Додека неговите не побегнаа во американското и европското подземје. Тоа е неминовно како што и победата над ЦИА фашизмот со експоненти како Џорџ Сорос , разно разни нуланди, мекејни, бајдени е неизбежна.
 
Мирка Велиновска во колумната на сајтот од брадестото копиле Миленко, Дудинка