МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ИНИЦИРАШЕ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА БИТОЛА

0
403

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во Клиничката болница Битола, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во Одделот за гинекологија и акушерство во КБ Битола.

-Според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.

-Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, се додава во соопштението од Министерството за здравство.